Поради кризата во Црвеното Море, загрозена е трговијата со свежа храна

by Fokus

Тримесечните напади на Хутите врз комерцијалниот брод во Црвеното Море ја попречуваат испораката на производи меѓу Европа и Азија, а извозниците и испраќачите предупредуваат на растечката штета на трговијата со овошје и зеленчук.

Поморските компании наместо преку теснецот Баб ел Мандеб своите бродови ги испраќаат околу африканскиот Р’т на добра надеж, продолжувајќи го транспортот на производи меѓу Азија и Европа до три недели, како резултат на што, покрај зголемувањето на цената на патувањето, веројатноста свежите производи да се уништат пред да стигнат до целта.

„Постои значителен ризик“, вели за Политико генералниот директор на Институтот за извоз и меѓународна трговија со седиште во Велика Британија, Марко Фоџионе, истакнувајќи дека продолженото време на испорака не само што ќе влијае на овошјето и зеленчукот, туку и на цела низа производи, вклучително и месо и житарки.

Најпогодени се извозниците од јужна Европа, како што се Италија, Грција и Кипар, бидејќи нивниот товар вреден милијарди евра сега мора да го напушти Медитеранот на запад и да оди по долгиот пат до Блискиот Исток и Азија.

Во секторот во кој доминира сезонското производство, според Кристијан Марети, претседател на Италијанската земјоделска и прехранбена задруга, обемот на штетите ќе зависи од времетраењето на блокадата.

Данската бродска компанија „Маерск“ понуди транспортни услуги за лесно расиплива стока со комбинирање на воздушниот и бродскиот сообраќај како дел од решението за кризата што се појавува.

Поврзани новости