Ченгду е меѓу најновите градови во Кина што е во локдаун, поради спроведување на контроверзната „нулта – ковид“ политика.
Околу 21 милион жители ќе мора да останат во своите домови, а од домаќинствата дозволен е излез на само едно лице со цел да купи основни намирници.
Во текот на вчерашниот ден во градот евидентирани се 157 новозаразени со 51 асимптоматичен случај.
Надлежните во Пекинг се обидуваат да ја спроведат „нулта – ковид“ политиката, иако населението не се согласува со тоа, а влијае и врз економскиот раст на земјата.
Наредните денови сите ќе бидат тестирани во Ченгду, а кога ќе бидат укинати ограничувањата сè уште не се знае.
Во меѓувреме, забрането е луѓето да го напуштаат градот. На оние кои ќе покажат негативен тест на Ковид-19, ќе им биде дозволен излез доколку тоа е потребно.
Според државни медиуми, почетокот на училишната година е одложен, а авионските летови откажани.
Медицински официјални лица велат дека состојбата е исклучително сложена и тешка. За избивањето на заразата, тие ги обвинуваат масовните собири за време на топлите денови на неколку локации за пливање и забава.
Ограничувања има и на други места во Кина.