1.1K
На денешната седница на Советот за безбедност не присуствуваше министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.
Претседателот Стево Пендаровски извести дека Чулев не присуствувал поради здравствени проблеми, а од Кабинетот на Чулев за Фокус рекоа дека станува збор за исцрпеност.
-Не е ништо сериозно. Станува збор за исцрпеност поради динамичните обврски изминатиот период, велат од Кабинетот на Чулев за Фокус.