Заради Заев и Филипче кои не преземаа мерки навремено, Македонија од утре се соочувa со нова забрана од ЕУ за патување. Поради високиот број на заразени кој можеше да се превенира со навремени мерки, македонските граѓани ќе се соочат со неможност нормално да патуваат во ЕУ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Забраната може да значи целосна забрана за неесенцијални патувања, но и огромни процедури и за оние граѓани на кои патувањето им е неопходно. Поради инаетот на Заев и Филипче сега сите граѓани ќе страдаат.
Заев и Филипче не ги послушаа советите на ВМРО-ДПМНЕ навремено да воведат построги правила при влез, како што е задолжителното тестирање, и масовна вакцинација со голем број на пунктови, и сега нивниот инает го плаќаат сите.
Македонија повторно трпи загуби заради неукоста и инаетот на двајца луѓе – Заев и Филипче. Време е за одговорност за сите пропусти. Време е за промени“, додаваат од опозицијата.