801
Македонскиот гитарист, Владимир Четкар требаше да настапи на овогодинешниот Пивофест во Прилеп на 17-ти јули. Сепак, до такво нешто нема да дојде затоа што е откажан неговиот настап, а позната е и причината.
,,Бев информиран дека мојот настап е откажан поради финансиски проблеми со кои се соочува фестивалот. Само толку можам да кажам за жал. Не сум имал претходно искуство на оваа манифестација и требаше да ми биде мој прв настап”, истакна Четкар за ,,Фокус”.
Манифестација Пивофест во Прилеп ќе се одржи следниот викенд. Годинава Пивофест ќе има четири фестивалски вечери, со две сцени, една главна и една алтернативна, а најголем акцент е ставен на македонската музика и македонските изведувачи.
Јорданчо Цветаноски