Поради дефект делови од Скопје денеска останаа без парно

by Fokus

Делови од Скопје останаа без парно греење поради дефект.

АД ЕСМ Снабдување информира дека кај дел од потрошувачите ќе има намалена испорака на топлинска енергија поради зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа.

Екипите активно работат на решавање на проблемот.

Парно греење нема во делови од скопските населби Ново Лисиче, Аеродром но и во други населени места.

Очекувањата се дека за бргу ќе биде нормализирано снабдувањето.

Поврзани новости