0
Поради дефект на ППХ (против пожарен Хидрант) Ф 80мм. на булевар 8-ми Септември пред влезот накај болницата „Жан Митрев“, со прекинато водоснабдување ќе биде болницата „Жан Митрев“.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на работните активности.
Цистерна со питка вода ќе има на паркингот пред болницата, додаваат од претпријатието.