Смртоносната снежна бура во голем дел од САД покрај предизвиканите човечки жртви, запреното снабдување со струја и вода, ги наруши и празничните планови за патување на илјадници Американци.
Американските авиопревозници денеска откажа речиси 2.900 летови, околу 2.500 се само на Southwest Airlines, покрај оние 2.900-те откажани вчера. Така што вкупната бројка на откажани летови во последните 48 часа достигна околу 5.400.
Поради невремето, ситуацијата стана лоша имено пред божиќниот викенд, и откажувањата на летовите започнаа во текот на викендот и продолжија до денеска. Southwest се најде на удар по критики од заглавените патници.
Од Хјустон, Тексас, Тампа, Флорида, до Кливленд, Охајо и Денвер, Колорадо патниците споделуваат фотографии и видео од пренатрупаните места за подигање на багажот и долгите редови пред шалтерите за резервација.
Некои патници споделуваат приказни за неможноста да се сретнат со најблиските за време на Божиќ, најважниот семеен празник во САД.
Авиопревозниците во САД годинава се соочуваат и со зголемена побарувачка по пандемијата на Ковид-19, и по милијардите загуби во 2020 и 2021 година. Многу компании се судираат со мал број вработени, за да одговорат на барањата на Американците да патуваат.
Пилотите пак од компанијата Delta, летоска штрајкуваа, барајќи повисоки плати и истакнувајќи ги проблемите со недостатокот од вработени.
Зимската бура уште повеќе ја усложни ситуацијата сега, за време на божиќните и новогодишните празници