Министерството за надворешни работи одржало консултации со тројца од четворицата повикани амбасадори, изјави вечерва во Дневникот на Сител министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
Консултации се одржани со амбасадорите Андреј Жерновски, Весел Мемеди и Данчо Марковски. Единствениот кој не дошол на повикот на Муцунски е амбасадорот Фрчкоски кој бил на боледување.
„Единствен со кој не се одржаа консултации е амбасадорот Фрчковски. Причината за тоа е што во моментот кога беше повикан на консултации извади т.н. боледување што секако му следува. Му посакувам добро здравје. Но, тоа не значи дека постапката се одолговллекува. Таму имаме сериозни индиции за финансиски злоупотреби на буџетски средства и факт е дека во моментов спроведуваме ревизија на работењето на постојаната мисија. Боледувањето не значи дека не следува процес на утврдување на одговорност за сериозните индиции кои ги имаме за злоупотреба на финансиски средства од страна на мисијата во времето додека ја раководи Фрчкоски“, рече Муцунски.