По две одложувања во текот на денешниот ден, спикерот Талат Џафери го закажа утре во 12 часот продолжението на седницата за усвојување на уставните амандмани, преку кои треба да се имплементира Преспанскиот договор и да се деблокираат евтоатланските интеграции.
Тоа е резултат на денешните неуспешни преговори меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на БЕСА Биљал Касами, кој ја условува поддршката на неговите двајца пратеници со одредени интервенции во уставните амандмани во делот на дефинирање на државјанството за Албанците.
Од БЕСА објаснуваат дека не се спротив одредницата „македонско“ за Македонците, но бараат модус за државјанството за Албанците и другите етнички заедници, со цел да се манифестира мултиетничкиот карактер на државата.
Дополнително ги комплицира работите фактот што пратениците од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ инсистираат да остане формулацијата на државјанството договорена со Грција, бидејќи тоа, според нив, го зајакнува македонскиот индентитет.
Доколку не се постигне неопходното двотретинско мнозинство од 80 пратеници, Заев рече дека ќе биде закажана седнциа на Централниот одбор на СДСМ на која, како што истакна, ќе биде понесена одговорност.