„Популистичко е преименување на Градски стадион во арена „Тодор Проески“, смета Бобан Милошески од Авалон

by fokus

Иако пред извесен период се промени името на арената „Филип Втори“ во арена „Тодор Проески“, сепак, најавата за концертот на Стинг е дека тој ќе настапи на Градски стадион.

Со свој коментар околу тоа излезе и првиот човек на Авалон продукција, Бобан Милошески.

„Јас немам ништо против одлуките на Владата. Сепак, сметам дека таа одлука е мошне популистичка. Впрочем, концертот уште кога беше најавен, не беше променето името на Градски стадион, а за мене и така ќе остане. Без разлика какво име ќе носи, јас ќе го чувствувам како Градски стадион“, рече Милошески.

Ј.Ц.

Поврзани новости