Холивудската актерка Сузан Сарандон (78) неодамна во интервју за „The Times“ откри дека нејзината агенција ја отпуштила. Затоа, како што рече, повеќе не може да глуми во големи филмови.
Актерката навести дека причина за се е нејзината неодамнешна изјава за конфликтот меѓу Израел и Палестина.
Во ноември минатата година, Сузан Сарандон учествуваше на протест во Њујорк, каде што изјави дека „Евреите сега знаат какво е чувството да се биде муслиман“.
Недолго потоа, Обединетата агенција за таленти, предводена од Џереми Цимер, ја отпушти Сарандон и покрај нејзиното извинување за изјавата.
Актерката нејзините зборови ги нарече „огромна грешка“, а за „Тајмс“ откри што ја чинело:
„Ме отпушти мојата агенција, моите проекти беа повлечени. Ме користеа како пример што не треба да правите ако сакате да продолжите да работите“.
„Толку многу луѓе останаа без работа од ноември минатата година… Тие ги загубија своите работни места како кустоси, писатели, сликари, работници во кафетеријата, заменски наставници кои беа отпуштени затоа што нешто твитнале или повикувале на прекин на огнот“, додаде Сарандон.
На прашањето за потенцијалните нови улоги, таа истакна дека веројатно нема да има ништо од тоа во Холивуд.
Сузан Сарандон и претходно беше мета на бројни критики поради нејзините изјави и ставови за војната. Таа, исто така, беше ретвитувана со објави во кои се слави фронтменот на Пинк Флојд – Роџер Вотерс, кој со години беше обвинет за антисемитизам.