Роберт Поповски, преговарач за медиуми од СДСМ, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за изјаснување на новинарските и другите засегнати организации е прифатлив, но смета дека тоа требало владејачкатта партија да го направи пред две-три недели.
Поради тоа што дури денеска ВМРО-ДПМНЕ ја предлга оваа инцијатива, мислиме дека тоа се случува заради одложување на договорот кој треба да биде постигнат за медиумите. ВМРО-ДПМНЕ минатата недела го одби нашиот предлог за новинарските зздруженија да учествуваат во преговорите на работните групи – изјави Поповски.
На новинарско прашање што мисли како поранешен новинар за изjaвата на Заев, кој како најголем непријател наброја дел од националните телевизии, тој не одговори директно, туку рече дека лошата состојбата со медиумите е зголемена за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Коментирајќи ја вчерашната изјава на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, во која го осудува лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за изјавата дадена за националните телевизии, тој рече дека ова здружение не смее да дава политички квалификации затоа што тоа не е во делокругот на неговата работа.