Поранешниот министер за финансии и пратеник од редовите на СДСМ, Никола Поповски, на својот ФБ профил и порача на Владата да го прекине понижувањето на земјата со одобрување на подбивни имиња, или да се повлече од процесот.
„За да сфатиме на која несериозна основа се водат државните преговори со Бугарија и Грција требаше да дојде до денешната катарза во која имаме срамни лицитации и одобрување на подбивни имиња за сопствената татковина и најнепријателски изјави на високи бугарски функционери кои се ситат на нашата целосна политичка изгубеност и си тераат свои агенди. Им дозволија заеднички да се сликаат, смеат и прегрнуваат истовремено додека тие се подбиваат со нас и секојдневно не навредуваат. Или прекинете го натамошното понижување и исмејување на татковината или повлечете се од тој процес“, напиша Никола Поповски по самитот на ЕУ за Западен Балкан кој се одржа во Софија.