Поповски обвинет во „Триста“: Не сум виновен!

by fokus

Поранешниот помошник министер на МВР, Ѓоко Поповски, на денешното повторено судење за случајот „Триста“, истакна дека останува на веќе кажаното, односно дека не е виновен.

-Мслам дека јас и моите бранители ќе докажеме дека не сум виновен за ова дело што се теретам, дека не сум сторил злоупотреба на службената положба и дека не сум нанел штета на МВР, туку е направена голема заштеда. Исто така уште еднаш ќе повторам дека не сум виновен, рече Поповски.

Наредното рочиште за овој предмет ќе продолжи на 22 март, кога ќе се сослушуваат сведоци.

Според првостепената пресуда, која беше укината од Апелација, во МВР бил спроведен тендер за набавка на 300 возила, кој бил поделен во лотови, па наместо тендерот да го добијат прворангираните економски најповолни компании, тендерскиот колач бил распределен произволно, по нечија желба. Па така се случило трето и четврторангираниот да добијат повеќе возила од прворангираниот.

За оваа набавка МВР потрошило 318 милиони денари, а направената штета е од 27 милиони денари.

Поповски беше осуден на девет години затвор.

Поврзани новости