Поповски: Борис Трајковски е првиот кого сите го признаа за свој претседател

by fokus

Професорот Владо Поповски, како советник на поранешниот претседател Борис Трајковски, се обрати на свечена дебата во МАНУ за современата македонската држава, пренесува „360 степени“.

Тој раскажуваше за Трајковски, кој во својот мандат, според него, успеал да разговара со сите страни и да одигра важна улога на почетокот од оваа деценија.

„Претседателот Борис Трајковски е првиот кој сите граѓани и сите политички партии, верски, традиционални старешини го признаа за свој претседател, за претседател на сите граѓани, независно од етничката и националната припадност, беше претседател кому му веруваа и очекуваа да ги промени на подобро работите во Република Македонија“, истакна Поповски.

Поврзани новости