Поповска: Груевски ме уценуваше со деветгодишната казна затвор на мојот зет за сестра!

by Fokus

Никола Груевски ме уценуваше со деветгодишна затворска казна за мојот зет за сестра во политички монтираниот случај „Музеј“, потврди за „Фокус“, претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска.

– Во 2014-та година донесовме одлука на изборите да одиме сами, но тогаш добив уцена со тоа што ни направија судско-полициска местенка и ни уапсија пола раководство на партија меѓу кои и мојот зет за сестра Перо Јосифов и ги пикнаа во притвор за комичен монтиран случај од кој им се закануваше затвор од десетина години на секој од нив. Верувам сега кога ќе си го вратам филмот дека Груевски и Сашо ни ги слушале телефоните и дознале дека планираме да ја напуштиме коалицијата. Тие луѓе одлежаа две години и три месеци во притвор без потреба и тужеа во Судот за човекови права во Стразбур. Од таму добија и сега државата треба да им плати оштета за несоновано држење во притвор – истакна Поповска.

Таа додава дека инсталациите во судот и понатаму продолжуваат да функционираат и да линчуваат невини луѓе.

 

Поврзани новости