Попова кон Шилегов: Петре, замини си додека не е предоцна за градот!

by fokus

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Попова, му порача на актуелнот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, да ја напушти функцијата, за како што вели таа, додека не е предоцна.

„Неспособниот Шилегов ја преполнува градската администрација додека нема проекти, и капиталните инвестиции се изворедно најниски 16 отсто. Надвор од европските препораки и мерит системот распишува оглас за вработување на 44 административни службеници преку агенција за привремени вработувања.

Петре Шилегов не беше способен да испрска против комарци, не знае да се справи со кучињата скитници и повеќе од 10 месеци нема ниту еден проект. Ниту пак нешто од тоа што го вети реализира, но затоа одвојува повеќе од 70 илјади евра за вработување на нови 44 административни службеници во градската администрација,  иако се жалеше дека градската администрацијата е преполна.

Шилегов по веќе познатата шема на СДСМ распишува тендер за ангажирање на работници преку агенција за привремени вработување, за потоа истите тие по неколку месеци да се вработат и да добијат договори на неопределено време. Вака вработените ги избегнуваат законските услови кои треба да ги исполнат доколку нивното вработување би одело по редовен пат, тие ја заобиколуваат согласноста од Министерството за финансии која треба да биде дадена за секое ново отворено работно место и тестовите за администрација.

Со полнење на јавната администрација во ЕУ не се оди. ЕУ бара работа, посветеност и проекти.

Шилегов од опозиција обвинуваше за превработеност во јавната администрација, сега од позиција на власт на јавната администрација гледаа како место за вработување на  своите роднини, пријатели и партиски активисти.

Шилегов и СДСМ  10 месеци не направија ништо за Скопје. Шилегов е најнеспособниот градоначалник во историјата на градот, кој нема ниту едно дело зад себе.

Петре замини си додека не е предоцна за градот“, порача Попова.

Поврзани новости