350
-Мај, јуни и јули се клучните три месеци кои Македонија ги има на располагање за да направи сериозен чекор во решавање на политичката криза и да ја задржи препораката за отпочнување на преговори за членство во Европската унија, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Поповски.
Тој смета дека дали Македонија ќе ја задржи препораката, зависи само од начинот на кој институциите се справуваат со кризата.
Што се однесува до прашањето за името, Попоски рече дека во изминатиов период се разменети предлог мерки за градење на доверба, но тие во никој случај нема да бидат замена за конкретните напори за надминување на спорот со името.