Попоски: Нема безбедносна закана за нас од војната во Украина

by Fokus

Никола Попоски, поранешен министер за надворешни работи и поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 анализа“ порача дека најголемите последици за Македонија од руската инвазија ќе бидат економските.

– Не постои безбедносна закана за нас во балкански рамки. Тоа што има НАТО сили на Косово е фактор на стабилност и би требало да сме посигурни. Немање на НАТО сили на Косово, може да стимулира посегнување по оружје и воено решавање на прашањата од сите можни аспекти – рече Попоски.

Поврзани новости