Попоски: Добивме ветување од ЕУ за успорување на бранот бегалци

by Фокус

Македонија доби ветување од земјите од ЕУ за успорување на приливот на бегалци кон северна Европа, изјави министерот за надворешни работи, Никола Попоски, по средбата со министрите за надворешни работи на ЕУ посветена на бегалската криза.

Попоски информираше и дека Србија, Хрватска, Унгарија, Словачка и Чешка и понудиле помош на Македонија за справување со бегалците, во форма на полицајци, опрема и центри за регистрација.

-Најважно е да имаме луѓе и опрема за да можеме да ја контролираме границата и да ја спроведуваме регистрацијата на оние места каде што треба луѓето легално да ја минуваат границата, рече Попоски.

Министрите на ЕУ ја разгледуваа можноста да испратат поголема помош на границата на Македонија со цел да ги заштитат европските граници и Шенген зоната.

Поврзани новости