231
Во делови од Велика Британија наврнаа големи количества дожд. Агенцијата за животна средина ги предупреди сите внимателно да го планираат своето патување. Во сила се жолтите и портокаловите временски предупредувања.
Поплави поради обилните дождови зафатија делови од Велика Британија. Многу патишта и училишта беа затворени по обилните дождови кои паднаа во текот на ноќта од неделата кон понеделникот. Временските прогнози предвидуваат нови врнежи од дожд вечерва.
Метеоролошката служба ги активираше портокаловите и жолтите временски предупредувања во Англија и Велс – во Кент, Сари и Сасекс, како и во Глостершир, Лондон, Нортхемптоншир, Оксфордшир и на истокот на земјата. Жителите на најмалку 45 куќи од тие области се евакуирани.