Поплави во Австралија, крокодил плива низ улиците

by fokus

Реекордна количина на врнежи е причина за огромните поплави во Австралија, на крајниот север на Квинсленд. Властите наведуваат дека ова е најлошата поплава некогаш забележана во Австралија, а на улиците дури е забележан и крокодил, пишува Би-би-си.

Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат потонати авиони на аеродромот Кернс, крокодили среде градот и луѓе кои бегаат од своите домови со чамци.

Засега нема извештаи за загинати или исчезнати лица. Интензивни врнежи се очекуваат во следните 24 часа.

Поврзани новости