Поплавените денеска и утре да се пријават за авансна отштета

by fokus

Жителите од поплавените подрачја денеска и утре треба сами да се пријават за да добијат авансна отштета од 500 евра.

Иисплатата на средствата ќе се изврши во готово, на шалтерите на онаа деловна банка за која лицето ќе се определи. Банките ќе ја вршат исплатата врз основа на документ за идентификација  – лична карта или патна исправа.

Жителите можат да се пријават на следните телефони: 02/3255-578, 02/3255-586, 02/3255-743 и 02/3255-742.

Пријавувањето може да го вршат утре и задутре од 9 до 17:30 часот, а во понеделник од 8:30 до 19 часот.

Поврзани новости