706
Силните дождови кои денеска ја погодија Црна Гора, донесоа до поплави во општините Тиват и Котор.
Како што може да се види на снимките, поплавен е патот пред стариот град во Котор, а заради порастот на нивото на водата затворени се две улици во Тиват.
Според зборовите на командирот на Службата за заштита и спасување на Тиват, Зоран Барбиќ, во случај на потреба се припремени вреќи со песок доколку порастот на поплавите значајно продолжи.
Во централниот и јужниот дел на Црна Гора денеска има црвен метеоаларм, па ова подрачје е под силно влијание на циклонски активности, кои предизвикаа нестабилно време, силен дожд и силен јужен ветер.