563
Се поплавиле куќи во Куманово по силниот пороен дожд што го зафати градот синоќа, а поради неможноста атмосферската канализација да ги прифати големите количества вода, соопшти Регионалниот ЦУК Куманово.
Екипите од ТППЕ Куманово биле излезени на терен за испумпување на вода во село Черкезе. ЈП „Водовод“, била на ул. Никола Вапцаров каде што известува дека поради подигнување на нивото на реката има поплава на улицата, и на ул. „Србо Томовиќ”, бр.36. Таму имало поплавени подрумски простори, но случајот не можел да се реши веднаш и водата треба да се повлече.