Поплавени 50 куќи во Кичево, една жена и едно дете евакуирани

by fokus

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска информираа дека 50 куќи се поплавени во Кичево, откако по поројните дождови се излеала реката Темница. Во текот на ноќта биле евакуирани една жена и едно дете, а за настанатата сосотојба известени биле сите надлежни институции.

Во селото Самоков, во општина Македонски Брод, дошло до излевање на реката која се спушта до селото Ковач. Биле поплавени подрумските простории на полициската станица во Самоков, мотел, амбуланта, фабрика за чај и други објекти.

Во општина Охрид дошло до излевање на Коселаска река, при што во селото Опеница имало поплавено неколку куќи, додека пак во селото Косел било поплавено земјоделско земјиште.

Поврзани новости