Поплавен Обровац во Хрватска по обилните врнежи и зголемување на водостојот на реките

by Fokus

Реката Зрмања вчера се излеа од коритото го поплави Обровац во Хрватска, и направи голема штета. Водостојот во реката достигна 300 сантиметри. Сите служби за итна помош се на терен, а мештаните им се придружија на пожарникарите и на Државната интервентна единица за цивилна заштита да ги одбранат своите домови.

Први на одбранбената линија беа мештани, кои се незадоволни бидејќи институциите не реагирале навреме.

„Вчера немаше организација. Немаше ниту алатки, ниту материјали, се беше спонтано. Успеавме да спасиме одреден дел, но што значи тоа? Обровац е град во кој сите живееме од она што го работиме, а сега Сето ова треба да престане, водата веднаш да се повлече, никој да не им влегува во куќите следниот месец“, изјави сопственик на дуќан во Обровец за хрватските медиуми.

Работната акција постојано се одвива. Пристигнуваат возила со песок, а итните служби со граѓани постојано полнат вреќи и го надополнуваат насипот. Граѓаните стравуваат дека најлошото допрва доаѓа во следните два дена.

„Приземјето од куќата на моите родители кои живееја на првиот кат беше поплавено, додека долу се уште е под вода. Во зграда сме, вчера момчињата не изнесоа со чамец и им благодарам за тоа Поплавен ми беше и канцеларискиот простор кој немам поим што има внатре. Благодарам на сите што ни помогнаа. Засега остануваме кај роднините“, вели жителка на Обровац.

Водостојот во Зрмања е во пораст, а не помага ниту дождот кој повторно почна да паѓа.

Мате Рудиќ,  началник на противпожарната бригада на Задарската жупанија. рече дека со зајачки насип се обидуваат да го спречат продорот на реката во центарот на градот, а потоа со помош на пумпи водата би ја вратиле во коритото Зрмања.

„Проблемот се крајбрежните води кои доаѓаат преку окна и канали. Се додека не се намали количината на вода, ние се бориме против природата“, рече Рудиќ.

Старото градско јадро е целосно поплавено, а струјата е исклучена заради безбедност. Сите граѓани ги напуштија своите домови. Рудиќ вели дека водата навлегла во деловни простории, продавници и во градинката Обровац од каде пожарникарите ја испумпувале водата.

Поврзани новости