Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ информираше дека попладнево две од големите багерски единици SRS 630/1 и SRS 630/2 и неколку стотици метри тракасти транспортери во рудниците на РЕК Биотла се поплавени.
– Влегува ли РЕК Битола во пеколно сценарио за брзо затворање?Каде е одговорноста на највисокиот врв? Ова е веќе четврта поплава во последните години. Нема одговорност, нема професионалност во работата, едноставно РЕК Битола е пуштен да оди во распад. Организацијата на работата е во хаос. Дали се случајни овие хаварии на багерските единици ?!? Дали се само алиби за ангажирање на скапа механизација на нарко бизнис картелот од Муртино, кој после бизнисот со марихуана сега се позиционира за преземање на бизнисот со електрична енергија?
Електрани на Македонија се распаѓа додека Директорот на АД ЕСМ го нема никаде.
Господине Бислимоски, престанете да го аминувате криминалот на оваа криминална банда. Одговорност ќе има и вие како најповикан ќе морате да одговорите на дел од овие прашања како пред јавноста така и пред органите на Судската власт.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува обвинителите да се позанимаваат со овие ‘’ случајни ‘’ хаварии кои се единствено оправдување за речиси 50 милиони евра испумпани во последните 6 месеци од Електрани на Македонија, обвинуваат од Комисијата за енергетика на опозицијата.