Попладнево во Долнени избувнаа два пожари

by Fokus

Попладнево на територијата на Општина Долнени избувнаа два пожари.

Првиот, над Манастирот Зрзе, на висок и непристапен терен, гори висока трева, нискостеблеста шума како и дабова шума и шума од габер, но се заканува опасност пожарот да се приближи и кон с. Зрзе.

Вториот пожар е над с. Кошино каде што освен висока сува трева гори и квалитетна дабова шума а пожарот се приближи на околу 300 метри од првите куќи во селото.

Како поддршка на прилепските пожарникари кои се обидуваат да воспостават контрола над пожарот од земја, полета еден авион на ДЗС а вториот се подготвува за полетување. Истовремено за полетување се подготвува и еден хеликоптер на МВР.

Поврзани новости