752
Попладнево во 17 часот претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе свика седница на која треба да се утврди дневниот ред, односно пратениците ќе гласаат за дневниот ред на седницата и потребата законот да се носи по скратена постапка.
После тоа законското решение, за кое има реакции дека не е истото решение што било усвоено на вчерашната владина седница, треба да се гласа на матичните собраниски комисии, а потоа се враќа на собраниска седница.
Собранието се распушта во среда и до тогаш власта планира да се изгласа законот за којшто обезбедил двотретинско мнозинство.