Попладнево се удави албански турист во Охридско Езеро, кај Свети Наум

by Fokus

Странски турист попладнево се удавил во водите на Охридското Езеро, во близина на Свети Наум.

Првичните информации од полицијата се дека станува збор за странски државјанин роден 1958 година, државјанин на соседна Република Албанија.

Увид на местото на настанот е во тек, за утврдување на околностите за настапувањето на смртта.

Претходно, во јули годинава жена од Ресен се удави во Охридското Езеро, а во јуни скопјанец се удави во езерото.

 

Поврзани новости