762
Во околината на Битола попладнево повторно имаше земјотрес.
Станува збор за потрес со јачина од 3.1 степени, со епицентар на 18 километри од Битола. ЕМСЦ објави дека земјотресот бил на длабочина од 1 километар.
Во текот на денот повторно имаше земјотреси во Лерин, Грција. Од синоќа се тресе и градот Битола.
Во Лерин службите се подготвени и имаат поставено шатори за секој случај доколку има нов потрес.