439
Попладнево во 17 часот, Владата ќе одржи седница на која ќе се расправа за разрешувањето на Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски.
Од Влада преку соопштение информираа дека на седницата ќе се одлучува и за други кадровски решенија и актуелни прашања.
Ова доаѓа откако Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење во вторникот, на барањето на Владата да се разреши Зврлевски. Зврлевски може да се смени со просто мнозинство од 61 пратеник.