Попладнево избувна пожар во близина на Касарна Илинден

by irena 17:58
17:58

Попладнево изби пожар на отворен простор во близина на римскиот аквадукт кај Скопје. Од пожарот беше зафатена трева и грмушки но и поголема количина на расфрлано ѓубре низ опожарениот простор.

„Екипите на скопската БППЗ веднаш излегоа на терен но при гаснењето беа попречувани од припадници на една етничка заедница која живее на и околу опожареното место поради што беше побарана полициска интервенција за непречено одвивање на гаснењето.

Во моментов пожарот е под целосна контрола, очекувам набргу целосно да биде изгаснат.“ – извести директорот на ЦУК, Мухамед Али.

Од центарот за управување со кризи (ЦУК) известија дека е локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт, во близина на улица „Словенечка“, каде гореше ниска вегетација и ниска стеблеста шума.

Слични вести