449
Попладнево е пронајдено лице, за кое се верува дека е истото кое се фрли во водите на Вардар од мостот „Близнак“ на булевар Србија.
Според информациите, телото е лоцирано на околу два километри низводно од истоимениот мост.
Тоа е извлечено од тимот на МВР и понатаму ќе се постапува согласно процедурите за вакви случаи и дополнително ќе следи идентификација и потврда на случајот.