194
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, наместа засилен ветер од североисточен правец.
Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и град.
Максималната температура ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен североисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.
Максималната температура ќе достигне до 32 степени.