Попладне пороен дожд и грмежи

by fokus

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Oд пoпладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 26 степени.

Поврзани новости