Попладне пороен дожд и грмежи

by fokus

Времето денеска е променливо облачно и нестабилно, а попладне ќе има  пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, град и пообилни врнежи, над 30 литри на метар квадратен.

Како што соопшти УХМР, максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степени. УВ-индексот инзесува 8.

Во Скопје слично време, променливо облачно и нестабилно, а попладне со пороен дожд и грмежи. Повремено ќе има услови за локално невреме со силен ветер и град. Температурата ќе изнесува 27 степени.

Од утре до сабота ќе преовладува стабилно и посвежо време со умерен северен ветер. В недела се очекува нов влажен бран со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.

Поврзани новости