Попладне дожд, а од утре пад на температурите

by fokus

Во попладневните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни (во источните делови над 20 литри на квадратен метар) проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степени.

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремен дожд и грмежи, особено претпладне. Минималната температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а дневната од 19 до 29 степени. Во Скопје и околината слично време со утринска температура до 16 степени, а дневна до 25 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо и посвежо време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи.

Поврзани новости