Попладне доаѓа силно невреме во Македонија, најавуваат од УХМР

by Fokus

Времето денеска се очекува да биде претпладне сончево со мала до умерена облачност, а од пладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според прогнозата на УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и изолирана појава на град.

- Advertisements -

Утринските температури се движат од 13 степени во планинските места, до 19 степени на југоистокот од земјата. Максималните температури ќе бидат во интервалот од 25 до 34 степени.

И во Скопската котлина претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.

Максималната температура ќе достигне до 31 степен.

Поврзани новости