Пописот започнува утре, надлежните се подготвени

by fokus

Почнувајќи од утре, пописот ќе се спроведе безбедно со почитување на здравствените протоколи, уверуваат надлежните, потенцирајќи дека не постои никаква шанса за ширење на вирусот меѓу граѓаните и попишувачите.

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, соопшти дека институциите се подготвени за најголемата статистичка операција во земјава која не е спроведена речиси 20 години.

-После речиси 20 години, премежја, опструкции и одоговлекувања конечно сме на прагот да започнеме со теренската работа и со собирањето на потребите податоци. Сите подготовки се завршени. Комисите на пописните региони заедно со нашите државни инструктори успешно ги завршија обуките на реонските инструктори и попишувачи и денеска се излезени на терен во обиколка на своите пописни кругови – рече Симовски.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, пак, рече дека пописот ќе се спроведе безбедно и оти, според него, попишувачите се обврзани доследно да ги почитуваат протоколите.

-Попишувањето ќе се спроведе безбедно, почитувајќи ги здравствените протоколи, а попишувачите се обврзани доследно да ги применуваат. Не постои никаква шанса за ширење на заразата. Попишувањето ќе биде безбедно, со најдобра технологија, брзо и ефикасно и инклузивно на сите јазици кои се говорат во РСМ. Никој да не биде изоставен и сите да земат учество за да ја добиеме реалната слика – порача Маричиќ.

Поврзани новости