Пописот во прекин, ДЗС тврди дека имале технички проблеми

by fokus

Два дена попишувачите не излегле на терен поради технички проблеми со системот за попишување, јавуваат повеќе медиуми повикувајќи се на тврдења на попишувачи.

Симовски за дел од македонските медиуми изјавил дека не треба да го прашуваат него ништо и да почекаат соопштение од Влада. Во меѓувреме во писменото соопштение до медиумите од Државниот завод за статистика е наведено дека во изминативе денови попишувачите имале помали технички проблеми.

„Во тек е надминување на помали технички предизвици кои повремено се појавуваа претходните денови кога на терен имаше висок интензитет на попишување. Сите внесени податоци се успешно процесирани во системот, а техничките усогласувања се прават со цел процесот да продолжи со несмален интензитет,“ се вели во соопштението од ДЗС.

Но, во соопштението од Државниот завод за статистика не е одговорено на клучното прашање, дали попишувачите во изминативе два дена работат на терен поради техничките проблеми или не.

Според соопштението до денеска со попишувањето се опфатени повеќе од 200.000 граѓани.

Поврзани новости