Иницијативата на Левица со која се оспорува пописот којшто треба да се одржи во септември се најде пред Уставниот суд. Во судот се одржа подготвителна седница на која лидерот на Левица, Димитар Апасиев рече дека е неприфатливо одржувањето на пописот во време на пандемија. Тој бара законот за попис да биде укинат или поништен.
Претставникот од министерството за правда и претставникот од Државниот завод за статистика пак побараа Уставен да не ја продолжува постапката бидејќи пописот еднаш беше одложен за да се зголеми бројот на вакцинирани, а протокол за одржување има уште од март.
Уставните судии имаат три можности, да поведат постапка и да го поништат или укинат законот, или да констатираат дека законот за попис е во согласнос со Уставот и тој да се спроведе.