1.1K
Попишувањето ќе се врши пред вратите или во дворовите на куќите и становите. Државниот завод за статистика е подготвен најголемата статистичка операција да се спроведе по протокол без да се доведе во опасност здравјето на граѓаните.
Одложување засега нема, а тоа може да го побара само Комисијата за заразни болести. Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски тврди дека попишувањето е побезбедно од одењето во продавница, пренесува „Телма“.