753
За време на новогодишниот организиран дочек во Охрид, пред присутните ќе настапат повеќе домашни музичари. Според програмата која ја објави градоначалникот Кирил Пецаков, за време на дочекот, на 31-ви декември, настапи ќе имаат Петар Нечоски, Татијана Стефановска, Евто Пупиновски, Миле Кузмановски, Ѓоко Танески и диџеите Багзи и Јана Слеј.
На први јануари исто така ќе има забавна програма, која ќе започне во 12 часот со настап на Марија Савеска и Камелеон. Потоа следи настапот на Лидија Кочовска, Влатко Груески и Андреј Наунов, а проектот е наречен ,,И повторно евергрин”. Дента на 31-ви пак, предвидена е забавна програма за најмладите.
Вики Клинчарова