Понуда од власта до ВМРО-ДПМНЕ: Нека гласаат за уставните измени и одма одиме на избори

by fokus

Првиот вицепремиер, Артан Груби вечерва излезе со понуда до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, да гласаат за уставните измени и да одат на предвремени избори.

-Еве понуда во живо до ВМРО-ДПМНЕ. Знам дека и премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе се сложат со ова да одиме на седница на Собрание со две точки на дневен ред. Првата точка да биде уставни измени, а втората да биде распуштање на Собранието и предвремени избори. Бујрум, нека влезат, нека гласаат за уставни измени и одиме на избори, рече Груби во „Само интервју“ на Канал 5.

Прашан дали е можно да се спојат претседателските со парламентарните избори, Груби рече дека ќе видат. – Ќе видиме дали ќе се спојат, една година разлика, од денеска па до март 2024 година, посочи Груби.

Поврзани новости