Управниот суд уште пред шест месеци ја поништил одлуката за лустрација на поранешниот амбасадор и министер Ѓорѓи Спасов, а неговиот адвокат бил известен дури вчера.
-Во образложението на одлуката, Управниот суд наведува дека Одлуката на Комисијата , за лустрација на поранешниот министер за правда и амбасадор Ѓорѓи Спасов „се поништува поради погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на на материјалното право. Фактичката состојба е погрешно утврдена и истата е заснована на нерелевантни докази- констатира судот- се вели во соопштението испратено до медиумите.
Ѓорѓи Спасов беше лустриран на 15.12 2014 година, а веста за неговата лустрација беше објавена на насловните страници во некои од дневните весници, во централните информативни емисии на телевизиите и речиси на сите портали во Македонија.