625
САД внимателно ја следат ситуацијата во Белорусија по контроверзните избори одржани минатиот викенд, а потоа и разбивањето на протестите, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео.
– Ние внимателно ја следиме ситуацијата, им рече тој на новинарите на прес-конференцијата што се одржа во Варшава со полскиот министер за надворешни работи Јацек Чапутович.
Шефот на полската дипломатија оцени дека потенцијалните санкции против Белорусија треба да се однесуваат само на високи функционери.