Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во име на владата и американскиот народ, упати честитика по повод Денот на независноста.
-Оваа година и честитаме на Северна Македонија што стана 30-та членка на НАТО и ја поздравуваме посветеноста на земјата за регионален и глобален мир и безбедност, што се рефлектира преку ова огромно достигнување. Ние сме охрабрени од напредокот што го постигнавте на патот кон членството во ЕУ и ќе продолжиме да ги поддржуваме вашите напори за постигнување европска интеграција. Неодамнешните парламентарни избори во Северна Македонија беа мирни и успешни во невидени околности и ние го цениме вашето тежнеење кон демократските идеали, транспарентноста и силното владеење на правото. Вашите достигнувања ќе помогнат во обликувањето на идната насока кон која ќе се движи регионот на Западен Балкан, се вели во честитката што ја објави Стејт депарментот а својата веб-страница.
Тој на крајот укажува на САД остануваат цврст сојузник на Северна Македонија.